Ристо Вуков во топ 10 на втората трка од „ПОРШЕ КАРЕРА КУП“

Македонскиот автомобилист Ристо Вуков ги исполни своите очекувања на тешкиот предизвик викендов во Италија во рамките на Порше Карера Купот. Рико и покрај сите проблеми успеа на втората трка која се возеше на патеката „Марко Симончели“ во Мизано да заврши на високото деветто место. Голем подвиг  за нашиот автомобилист ако се знае неговата стартна 23-та, последна позиција, од причина што на првата трка имаше незгода и не успеа да ја заврши. Нареден предизвик за единствениот македонски натпреварувач во Порше Карера купот е трката на Имола на крајот од август. “.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста