Ристески за Алфа: Ако новата Влада не го реши проблемот со извршителите, ќе протестираме, многу помасовно од порано

Откако сметките на граѓаните и фирмите станаа достапни за извршување, извршителите по кратката пауза почнаа со работа. Граѓанските здруженија се категорични, велат новата влада мора да го стопира извршувањето додека трае економската криза. Во спротивно ќе излезат на улица и гласно ќе се спротистават на проблемот.

Синдикалецот Марјан Ристески интервју за Алфа рече дека само за овие неколку месеци, додека не работеа извршителите, се собрале вкулпно 33.000 нови предмети кои чекаат на извршување, а над 100.000 чекаат кај нотарите. Со него разговараше Борис Грујоски.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста