Ринг за крвави борби со кучиња, МВР молчи

Ринг за крвави борби со кучиња, МВР молчи

На излез од Охрид на патот кон Струга направен е ринг за борби со кучиња. Иако е забрането тука веќе подолго време се организираат нелегални борби со кучиња. Обидот на полицијата да прекине една од борбите заврши со протерување на полицајците.

Фотографии од овие борби сосема слободно се објавуваат на социјалните мрежи, реагира здружението Лајка кое побара државата итно да реагира.

Според здружението истите лица организирале борби со кучиња во кампот Андон Дуков, а вакви борби се организирале и по струшките и тетовските села.

На фотографиите објавени по социјалните мрежи организаторите се фотографираат со пехари, со раскрварени кучиња…

Остро реагираа и од Анима мунди кои велат дека се сведоци на илјадници вакви грозоморни настани во кои многу животни го загубиле животот давејќи се во сопствената крв, а за кои институциите не регираат. И тие бараат од МВР итно да ги санкционира сторителите.

Полицијата поднела пријава против 45 маж од Зајас, кој се сомничи дека минатиот месец организирал борби со кучиња во атарот на село Букојчани. За последниот случај за кој реагираа здруженијата, од МВР нема детали.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста