Рикер бара ЕУ да ги исполни ветувањата кон Македонија и Албанија

Кога станува збор за Македонија и нејзиниот пат кон европското семејство, Европската Унија не е способна сама да го предводи изодувањето на патот,а САД не би сакале да предводат,додека регионалните елити не се заинтересирани за темелна промена на нашите општества.Конечниот резултат од сето тоа е дека Западен Балкан особено во изминатата деценија заостанува зад ЕУ повеќе отколку во 2000-та години-рече македонскиот Претседател Пендароски во рамки на пленарната сесија на која се зборуваше за  Ресетирање на синергијата меѓу ЕУ и САД кон Западниот Балкан.

  • Вашингтон е тука  само да регистрира и да само да сведочи за падот на сите демократски индикатори Западен Балкан е поназад од пред  15 или 10 години рече СТЕВО ПЕНДАРОСКИ-Претсед.на РМ.

Во заложбата за целосно интегрирање на Западен Балкан во европското семејство нашите напори никогаш не прекинаа. Неодлучноста во решавањето на ова прашање ги заслабува напорите на САД и им одговара на оние кои сакаат да создадат несогласувања,зато неоходно е ЕУ да ги исполни своите ветувања-истакна Филип Рикер, помошен државен секретрар за Еворопа.

  • Сите знаеме дека Кредибилитетот и влијанието на ЕУ во регионот е на многу ниско ниво, затоа  ЕУ и сите  членки треба да работат и да го воспостават одново тој кредибилитет -рече ФИЛИП РИКЕР.

Во следните 6 месеци Словенија по втор пат го превзема претседавањето со ЕУ.Проширувањето на ЕУ со земјите од Западен Балкан е геополитичко прашање од највисок приротет.Самите земји теба да го забрзаат споредувањето на  реформските мерки-потенцира словенечкиот Претседател Пахор.

  • Проширување на ЕУ со Западен Балкан станува временски критичко прашање,забавувањето на проширувањето ја ослабнува довербата ви ЕУ во овој регион, остава простор за национализам како и за влијание на трети земји.Побрза интеграција на земјите од Западен Балкан ќе ги поткопа наивните но опасни идеи за промена на границите. Затоа ги одбивам сите идеи за промена на границите-рече БОРУТ ПАХОР-Претсед.на Словенија.

Забрзаното интегрирање на земјите од Западен Балкан е предуслов за стабилна Европа.Одложувањето на преговорите со Македонија не е разумно  и не само тоа туку е политички и морално грешно,со ова се поткопува авторитетот на ЕУ-заврши Пахор.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста