РФМ го објави протоколот за тренинзи и натпревари во сала

Се додека трае пандемијата на коронавирусот, ракометот во Македонија ќе се одвива под строг и прецизен здравствен протокол. Тренинзите и натпреварите ќе се играат без публика. Температура ќе се мери пред секое влегување во салата, и сите ќе мора да носат заштитни маски освен ракометарите кои ќе бидат на теренот. Задолжително тестирање ќе има еднаш, и тоа 72 часа пред почетокот на сезоната. Ракометарите ќе мора да доаѓа сами на тренинг, со два комлета опрема, која задолжително дома ќе си ја перат. Просториите во салата се сведени на минимално користење, а тоа значи избегнување на туширање и дружење по тренизите. Ова е само дел од многубројните мерки донесени од РФМ и Комисијата за заразни болести. Е сега прашање е дали ваквиот протокол е само формален документ и колку во пракса ќе може да се почитува, особоено за ракометот, кој важи за тимски спорт со голема блискост и контакт на главните актери.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста