РФМ ги рангираше екипите и за петок закажа ждрепка за СУПЕР ЛИГАТА

Ракометната федерација на Македнија ги рангираше екипите и за петок ја закажа жрепката за составување на двете групи од Супер лигата во машка конкуренција, а патем го образложи и целиот систем. Така 16-те тима во првата фаза ќе бидат поделени по осум екипи, кои ќе одиграат 14 кола, а најдобрите три од секоја ќе продолжат во плеј офот за титулата во кој ќе им се прилучат и Вардар и Еурофарм Пелистер кои го прескокнуваат овој дел. Сезоната е планирано да започне во терминот 12/13 септември.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста