Револтирани од Џафери ВМРО-ДПМНЕ размислуваат за блокада на собранието со повеќе пратенички групи
Целосна блокада на Собранието со формирање повеќе пратенички групи.Ова е една од опциите која ја разгледува ВМРО-ДПМНЕ откако спикерот Џафери не им дозволи на пратениците од опозицијата да говорат на седницата за интерпелацијата на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Според Мицкоски недозволиво е претседателот парламентот да го одзема правото на дебата. Од Спасовски очекува по низа скандали сам да поднесе оставка. Најголемата опозициска партија и колициските партнери во собранието имаат 44 пратеници. Ако се опстои на одлуката за блокада веројатно би се формирале осум пратенички групи од 5 до 6 пратеници.
“Си поигруваат со оган, а тоа не треба да го прават затоа што можат да се изгорат. А кога ќе се изгорат последиците најчесто ги плаќаат граѓаните. А овој народ не заслужува да ги плаќа грешните политики на овој човек. Затоа што тој човек позади себе има голем број контраверзи. Тој наместо да биде прв и најодговорен во рамките на патрламентот и да обезбеди хармонија во начинот на функционирање на парламентот тој е првиот кој што прави опструкција. И тоа не е добро”, рече Мицкоски.
Аргументот на спикерот беше дека ВМРО-ДПМНЕ не ја поднеле на време листата на говорници. Опозицијата го негираше ова и излезе со став дека потезите на Џафери не се демократски туку карактеристични за тоталитарно однесување. ВМРО-ДПМНЕ најави дека и работата на спикерот наскоро ќе биде ставена на проверка пред пратениците.
Градимир Марковски