Револтирани граѓани со фломастер ги преправаат таблите, и пишуваат „Ова е Република Македонија“

Расте револтот кај граѓаните за промена на уставното име на државата. Откако беа искршени табли во источниот дел од земјава, најново е што граѓаните сега со фломастер го испишале името Република Македонија, гневни на се она што се случува периодов. Од сликите до кои дојде Алфа, јасно се гледа дека станува збор за Центрите за социјална работа во Виница.

Претходно, беа искршени двојазичните табли на државниот архив и Фондот за здравство во Штип. Граѓаните велат дека не сакаат двојазични табли. Остануваат на ставот дека не е потребно да се додава втор јазик онаму каде нема мнозинство.

Освен во Штип. Деновиве беа уништени и двојазични табли и во неколку други градови во регионот. Со спреј беше бојадисана таблата на Институтот за трансфузилогија во Кочани, а во Делчево под двојазичната табла на Управата за јавни приходи осамна нова табла на која пишува Ова е Република Македонија.

Инаку, според последниот попис во 2002 во Југоисточниот регион има 380.000 жители, од кои само 38 се Албанци.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста