Револт во Бутел: Раскопани улици и метеж во сообраќајот

Метеж, редици од автомобили и нервозни граѓани. Ова веќе една недела е секојдневната слика во дел од Општина Бутел.Ул. Бутелска повторно се реконструира. Тука сообраќајот е отежнат и е речиси невозможно да се разминат две возила. Жителите на Општина Бутел лути, велат дека не можат нормално да ги извршуваат секојдневните обврски.Од она што го забележа екипата на Алфа се чини дека на голем дел од граѓаните не им се допаѓа потегот на надлежните.

Градоначалникот на Општина Бутел се правда дека ова е втор дел од реконструкцијата, откако лани таа прекинала токму поради отежнатиот сообраќај. Уверува дека во втората половина на јуни, истата ќе биде завршена.

Ова е втор дел од реконструкцијата бидејќи првата фаза беше лани кога се поставуваше атмосферска канализација, но дека булеварот Христијан Тодоровски-Карпош  не беше пуштен и движењето беше отежнато со градоначалникот (Шилегов)  се договоривме да се доврши ул.Бутелска откако ќе се пушти булеварот Христијан Тодоровски-Карпош. Акцијата започна во четвртокот и според екипата која работи, реконструирањето ќе трае три недели – вели Велимир Смилевски – Градоначалник на Општина Бутел

Иако граѓаните се лутат бидејќи сообраќајот постојано се стопира, градоначалникот Шилегов смета дека е многу задоволен од тоа како тече реконструкцијата  на Ул.Бутелска. Граѓаните што се упатуваат за влез или излез кон скопската општина Бутел никако да се спасат од сообраќајниот метеж. Поради ново настанатата ситуација деновиве дел од жителите се прашуваат има ли крај на градежниот хаос во овој дел од Скопје?

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста