Револт кај граѓаните: Поскапувањето на струјата за време на корона корона криза е бесмислено

Додека земјите во Европа и регионот обезбедуваат гарантиран пристап до струја, вода или гас, и ги намалуваат цените на струјата, во земјава цената за елекрична енергија скокна за 7,4 отсто во ек на пандемијата со Ковид-19, кога граѓаните се мачат да врзат крај со крај.

Потегот со кој институциите ја поскапеа струјата наиде на остри критики, како од економските експерти, така и од граѓаните. Луѓето сметаат дека било бесмислено да се зголемуваат трошоците, кога најголем дел од нив работат за минимална плата, и не можат да си ги покријат дури ни тековните трошоци. Некои пак, мислат дека ова било потребно, да се зајакне економијата, но какво е тоа зајакнување, кога се удира директно по џебот на најсиромашните? Власта се правда дека поскапувањето било поради тоа што се намалила потрошувачката на струја како резултат на корона кризата.

Во истовреме Белгија им даде на домаќинствата до 100 евра за сметки за електрична енергија и 75 евра за сметки за гас. Словенија ја намали цената на струјата за домаќинствата и малите фирми за 20%. Кипар ја намали цената на струјата за 10% на 3 месеци. Шпанија за времетраењето на кризава обезбеди гарантиран пристап до струја, вода и гас за сиромашните, дури и ако не плаќале сметки. Италија која беше една од најпогодените земји во Европа од корона вирусот, ги суспендираше сметките за електрична енергија, гас, вода и ѓубре на 2 месеци. Белгија им даде на домаќинствата до 100 евра за сметки за струја и 75 евра за сметки за гас. Македонија како земја со исклучително висок степен на сиромаштија и невработеност, во однос на земјите во Европа, ја зголемува цената на струјата за 7,4%.

Според анализи и истражувања на светски агенции за сооднос на цени на електрична енергија и процент на средна плата, Македонија е на неславното второ место по најскапа струја во Европа, во однос на просечната месечна плата.

Во меѓувреме граѓаните се мобилизираа. Гневни од зголемувањето на цената на струјата, на социјалните мрежи организираат онлајн петиција, а реагираа и синдикатите и здруженијата кои бараат властите да ја испитаат одлуката за поскапување на струјата.

Aдријана Алексиеска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста