Рестриктивни мерки – само за угостителите, за собирите по викендици се се’ сведува на „апели“

Од петок, кафеаните, кафулињата и баровите ќе мораат да стават клуч на врата до 18 часот – Владата даде зелено светло за новиот пакет рестриктивни мерки. Со новата одлука најголема загуба ќе ги имаат угостителите. Забраната за прослави на плоштади и во фирми, групирањето по станови и приватни куќи –  како ќе се контролира, надлежните немаат план и се ‘се сведува само на „апели“. Колку сме поблиску до новогодишните празници  се поголема е трката за слободна вила во туристичките места. Социјалните мрежи вријат од објави се бараат викендици, куќи, станови за дочек на Нова година. На сите објави пишува дека се заинтересирани за објект за 10 лица, па и повеќе за престој и по неколку денови. Како ќе се регулира ова, властите немаат план.Само порачуваат граѓаните да бидат одговорни.

Потребно е сите заедно да бидеме одговорни за важноста на овие мерки и да не дозволиме убавите мигови во семејството да се претворат во лоши спомени. Овој празничен период да прославиме одговорно, да ги почитуваме мерките.вели министерот за здравство, Венко Филипче.

Меѓу мерките, важи и препораката за време на верските празници пред храмовите да не се групираат повеќе од 4 лица, а внатре да нема повеќе од 30 проценти од капацитетот и сите да носат маски.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста