Респираторот во Германија спасува животи, во Македонија само двајца се извлекле од респираторна машина

Повеќе од 50 проценти од пацинтите кои биле поставени на респиратор ја победиле битката со Ковид19 во Германија, открива д-р Горан Трајковски, кој работи во интернистичка клиника во Баварија– и  работи со ковид случаи. Тој за Алфа раскажува за третманот на пациентите таму  и за тоа како со сите сили се бори за нивниот живот. Тој уверува дека живот има и по “респиратор”.

“Респираторот треба да се избегнува, но кога ќе се дојде до таа машина, е доста корисна. Кај бели дробови кои откажуваат успесите од респиратор се движат околу 50 до 60 отсто од пацинтите кои преживуваат, значи смртноста е голема. Но мора да се каже во целиот свет смртноста е голема откако пацинетот ќе дојде на респиратор, а респираторот е алатка кај одредени луѓе и ние имавме добри резултати.” – вели за Алфа д-р Горан Трајковски,  специјализант по интерна медицина во Баварија, Германија.

Додека македонците на големо консумираат разни антибиотици и витамини, но ретко кога тоа го прават по препорака од лекар – на германците тоа не им паѓа на памет, вели д-р Трајковски. Тој појаснува дека тоа се должи на довербата во здравствениот систем.

Во Германија морам да признаам дека населението има доверба во здравствениот систем. И кога некој ќе дојде кај нас – ги слушаат нашите препораки.Не навлегуваат во тие замки каде што луѓето си праќаат пораки од еден на друг..овој рекол тоа,оној ова..па постојано се под стерс. Тоа е психички терет за населението.изјави д-р Трајковски.

За „локдаунот“ во Германија кој стапува на сила од среда, лекарите се надеваат дека ќе даде добри резултати.

Единствено нешто што може да се направи во моментов е “lockdown” и тоа ќе има ефект секако.Оваа болест се шири од човек на човек ако сите луѓе останат дома вирусот нема како да се шири.Тоа е јасно. Ефектот ќе го видиме за една, две недели минимум.– изјави д-р Горан Трајковски.

Ковид вакцинацијата во Германија започнува од јануари, при што обезбедени се три до четири милиони дози од вакцините на БиоНтек. Додека до март следната година здравствените власти очекуваат да пристигнат уште 11 милиони дози од вакцината.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста