Решен хаосот со издавање посоши и лични карти – отсега документи за 15 дена
Решен хаосот во МВР. Вадењето на личните документи вратено во законскиот рок. Сите граѓани кои ќе се сликаат денеска – за 15 дена ќе ги добијат патните исправи вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Апелира сите кои досега не ги замениле возачки дозволи со новото уставнотоиме да поднесат барање бидејќи овие дозволи нема да важат од 1 јануари.
- „Ветено-сторено. Како што најавивме пред два месеци, издавањето на лични го доведуваме во нормала. Од оваа недела па натаму секој граѓанин што ќе поднесе барање за добивање на патна исправа, лична карта и возачка дозвола, тоа право ќе може да го оствари во законскиот рок, во рок од 15 дена.. Тоа што го ветивме го остваривме, беше тешко, полициските службеници мораа макотрпно да работати во две смени и во викенди. Успеавме проблемот што претходниците вештачки го создадо со неработењето да го разрешиме, и системот во делот на управните служби да го вратиме во нормала. Граѓаните заслужуваат достоинствен и нормален начин на вадење на личните документи во рамки на законскиот рок“, рече министерот.
МВР работи и на олеснување на процедурите за вадење на лични документи, вели Тошковски, за по 10-тина години кога ќе треба повторно да се вадат нови документи поради истекување на важноста да не дојде до истите проблеми.
- „Не се секирајте. Ние ги решаваме проблемите. Во иднина максимално ќе се ангажираме на развластување на дискрециските права, а процесот на дигитализација ќе биде насочен на тие прашања. Сите постапки така ќе се нормализираат. За 10 години од сега нема да имаме таков проблем. Тема сега не се обрасците за личните документи, ниту другите проблеми на кои наидовме“, рече министерот за внатрешни работи и најави реновирање на пунктовите во Македонската радио телевизија.
Досега се издадени 750.000 возачки дозволи, а треба да се променат уште 250 илјади до крајот на година. Обновени се и милиони и 740 илјади патни исправи и околу милиони 440 илјади лични карти.