Ременски на увид во доказите за „Меѓународен сојуз“

Сама без придружба на адвокат, повеќе од половина работен ден, пратеничката на СДСМ и потпретседателка на Собрание Фросина Ременски, вршеше увид во доказите кои и ги става на товар обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, за нејзина наводна вмешаност во аферата со невладината организација на Боки13, случај во кој е и тој првоосомничен.

Според информациите од истрагата која обвинителката ја отвори на 9 октомври годинава, Ременски одела на средбите што Боки ги организирал каде според обвинителството излажал две градежни компании дека ќе обезбеди државно земјиште за да се изградат центри за возрасни лица и мобилен сервис, а потоа ќе обезбеди и државни субвенции.

Од едната фирма преку авторска агенција добил околу 720.000 евра, а од другата околу 230.000 евра.

„Лицето како функционер, заедно со првоосомничениот присуствувало на средбите организирани од првоосомничениот, при што го искористило својот углед и авторитет и оштетените стекнале впечаток дека зад понудените проекти стои извршната власт“, информираа од обвинителството.

Освен Боки 13 и пратеничката на СДСМ, за малверзациите во Меѓународниот сојуз осомничени се уште три лица меѓу нив таткото на Боки 13, Миле Јовановски и Јасна Мандиќ која беше и директорка на 1 тв. По завршувањето на истрагата обвинителството има рок од 15 дена да покрене обвинение.

Катерина Гетева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста