Релативно мирна новогодишна ноќ во Македонија

Релативно мирна новогодишна ноќ во Македонија. Најлудата ноќ во годината не им донесе многу работа на лекарите,пожарникарите.
Од Министерството за здравство велат дека докторите за разлика од претходните две години, имале порелаксирано темпо на работа.
Околу 30 тина пацинети биле прегледани на токсикологија, од кој најмладиот бил 14 години.

Во текот на новогодишната ноќ, на Универзитетската Клиника за токсикологија беа прегледани вкупно 29 лесни алкохолни интоксикации. Од нив, најмладиот пациент е 14 годишен, а највозрасниот е 63 годишен. Нема пациенти предозирани со психотропни супстанци и нема случаи со кома. Сите пациенти после неколку часовен престој и третман се пуштени дома“, потенцираше д-р Ирена Јуруков од Клиниката за токсикологија.

Од Ургентниот центар, информираа дека во текот на вчерашното деноноќие биле прегледани 105 пациенти.

Во изминатото деноноќие, во Ургентниот центар беа прегледани 105 пациенти. Од нив, седум пациенти повредени во сообраќајка и тројца пациенти со полесни повреди од пиро-технички направи. 13 пациенти се згрижени на Клиниките, а еден пациент од нив беше препратен од Градската општа болница „8 Септември“ со убодна рана од остар предмет во пределот на вратот. Сите пациенти се во стабилна состојба“, изјави д-р Алберт Леши од Ургентниот центар.
Во текот на вчерашниот ден од 19 часот до 12 часот на полноќ се регистрирани 9 пожари во подрачјето на Скопје.

Во 23 часот при дојава за пожар на ул. Крсте Мисирков позади 26 Јули БитПазар на тараса од употреба на пиротехнички ракети настанат е пожар во кој спасен е сопственикот кој беше во бесознание, информираат од пожарната единица Скопје.

А новогодишната ноќ оваа година беше мирна и за припадниците на МВР, регистирирани се мал број на случаи каде се приведени лица кои поседувале наркотични супстанци, мал број на тепачки и разбојништва, но и неколку сообраќајни незгоди од кои во една, едно лице е тешко повредено. Станува збор за сообраќајка во Куманово на булеварот „Октомвриска револуција“.

Според МВР, до незгодата дошло откако се судриле патничко возило „ауди“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од В.А.(24) од Куманово и патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(26) од Куманово.

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста