РЕКОРДНО ФИНАЛЕ ЗА ЃОКОВИЌ, ИСТОРИСКО ЗА ШВАРЦМАН ВО РИМ
Новак Ѓоковиќ и Диего Шварцман денеска ќе се борат за титулата на Мастерс турнирот во Рим. Србинот со 2-0 во сетови го исфрли Норвежанецот Руд за рекордно 52 Мастерс финале. Едно помалку има Надал, а доколку Ѓоковиќ денеска слави ќе го надмине Шпанецот и по бројот на титули. Моментално имаат по 35 Мастерс трофеи. Сепак, Шварцман важи за сериозен противник, и играч што во четвртфиналето го елиминира токму Надал, а вчера по голема борба го испрати дома и Шаповалов. Ѓоковиќ ќе игра за петта титула во Рим, а Шварцман за историја во своето прво Мастерс финале. Кај дамите, во денешната битка за тронот, Симона Халеп и Каролина Плискова.
КАТЕГОРИИ Uncategorized