Рекордна година на Новак Ѓоковиќ – по седми пат ќе финишира како „број еден“

Новак Ѓоковиќ со рекордната 37-ма мастерс титула во Париз испиша нова страница во тениската историја. По рекорден седми пат го обезбеди првото место на АТП ранг листата на крајот на една каледнарска година, со што го мина Пит Сампрас, кој шест последователни „број еден“ сезони имаше во периодот од 1993 до 1998. 34-годишниот Ѓоковиќ стана и највозрасниот тенисер што завршил на лидерската позиција на крајот на една сезона. Србинот годинава го надмина рекордот на Роџер Федерер од 310 недели како број еден, и тој од денеска ја започна 346 седмица на врвот на АТП. Ѓоковиќ сезонава стана првиот тенисер во т.н опен ера со барем по две победи на секој од четирите грен-слем турнири, а се изедначи со по 20 Грен слем трофеи со Федерер и со Надал.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста