Рекорден број на независни листи во Охрид, дали понудата нуди и квалитет?

Дури единаесет советнички листи и 253 кандидати за советници се обидуваат да седнат во градскиот Совет што е своевиден преседан, кога станува збор за локалните избори во Охрид, добар дел од нив се независни листи.Тоа го неметнува прашањето на што се должи вака големиот број на советнички листи,каква е структурата на тие луѓе кои претендираат да ја кројат иднината на Охрид, носејќи одлуки во Советот.Ќе успеат ли да го разништаат апсолутното мнозинство на големите политички партии во Советот?

-Оваа ситуција е пресликување на парламентаните избори каде во 6-те изборни единици се номинираат по 20 кандидати од секој политичка партија,а капацитетот на сите е различен-вели Владо Чингоски, кој своевремено ја обавуваше фунцијата Претседател на Совет.

Имаме од професионалци политички, образовани, до необразовани личности кои што во зависност од можноста да бидат исфорсирани од некого од политичките врвови, добиваат и места во Парламентот, а за таму не сонувале во некој момент дека можат да бидат.Истото се пресликува и на локалните избори.Па и да одиме и на градоначланик, ние имаме и градоначалници во цела Македонија кои што  да не ги навредувам,меѓутоа во тие кабинети не би требало да седнат, а камоли да раководат со општините,тоа е политичката реалност кај нас-вели Владо Чингоски-правник.

Тоа е политичкото милје кај нас, секој може да биде што сака,тоа е и уставно начело на секој да се кандидира, иако имавме советници кои не можеа да одговорат на задачата.Но воопшто не е важен бројот на листите,туку квалитетот. До сега имаше помалку листи кои ги гледав како фамилијарни листи кои што учествуваа на избори исклучиво за да добијат еден советник кој што во понатамошниот тек на работата на Советот имале некоја лична корист.Во овој момент, овој дуализам во македонскиот блок на политички партии исто и во албанскиот, доведе до распад на сиситемот,каде што општеството назадува во секоја смисла тоа доведе до незадоволство и пукнатинки кои ќе ги пополнат независните листи за советници,додава Чингоски кој отворено зборва дека секогаш имало купување на гласови, подмитувања и пазарења.Тоа ќе се случи и овој пат,откако ќе се пребројат гласовите и кога ќе биде јасно која партија колку советнички места освоила од вкупно 23-те.

Е, тука веќе почнуваат пазарите како што е вообичаено дали тоа ќе биде со ветувања на работни места, тендерашки понуди, клиентелизмот ќе проработи на големо.Ние сме држава која што лета во место,имаме системски проблеми.Се’ додека нема одговорност за носителите на јавните функции, да одговораат за реализираното или нереализираното,се дотогаш ние ќе бидеме во ситуација статус кво-рече Владо Чингоски-правник.

Политичките партии и во македнскиот и во албанскиот блок имаат монопол на целокупната општествено политичка состојба во државава, си ги делат своите функции и работата онака како што работат.Волјата на политичките парии зависи од тоа дали тие ќе имаат повисок или понизок рејтинг,а не од тоа дали ќе имаат поквалитен живот во градот, затоа и се појавија вака голем број на независни листи-завршува Чингоски.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста