„РЕКЕТ“ ја чека Апелација повеќе од 8 месеци: Зградите на Кривичен и Апелационен суд одалечени само две минути, со што ли патува пресудата?

Месеци, а некогаш и години се потребни за апелација да ги потврди предусите на Кривичниот суд.  Некогаш ги носи побрзо, а некогаш не – кој е критериумот за колку долго ќе се одлучува?

Долга е и процедурата за пресудите да се однесат од кривичен до апелација на разгледување иако судовите се речиси еден до друг. Физички со пешачење се стигува за 2 минути.

Но сепак, повеќе од 8 месеци поминаа откако судот ги осуди Боки 13 и екс шефицата на СЈО Катица Јанева за предметот „Рекет“, но правосилност на одлуката се уште нема.  Предметот од кривичен сригнал во судот, ама не е разгледан.

Јавна седница за предметот „Рекет“ ќе биде закажана во април или мај- велат од Апелационениот суд.

Ова практично би значено дека околу 11 месеци се потребни за одлуката за казните затвор на актерите во случајот Рекет да бидат правосилни или да има жалби. Каде затајува системот? Купува ли судот време за политички договори?

Ако за „Рекет“ е потребна една година за финализирање на пресудите, колку ли ќе биде потребно за случајот „Таргет- Тврдина“? Предметот се уште не се нашол пред судиите на Апелација.

Пресудата за случајот „Таргет-тврдина“ е во фаза на пишување, а рокот за тоа е 60 дена, по што треба да биде испратена и да почнат да течат роковите за жалби.

Имајќи во предвид дека во случајот за незаконското преслушување неправосилно осудени Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска и деветмина други, извесно е дека на судот ќе му требаат многу месеци за да донесе пресуда во втор степен.

Ова е долг период за обвинителството, бидејќи првообвинетиот за прислушување и уништување на опремата во притвор може да се задржи најмногу 60 дена, со оглед дека во неговиот случај станува збор за обвинителен предлог.

Согласно законот се води скратена постапка односно по обвинителен предлог каде роковите за притвор се навистина кратки и заради тоа по објавата на пресудата максималната должина на притворот е до 60 дена рече Ленче Ристовска – јавен обвинителна 26.03.2021 година.

Од друга, страна, на екс-шефот на УБК му се суди и во „Титаник 2“, „Тортура“ и „Трезор“, а осомничен е во предметите „Империја“ и „Плацовите на Водно“, па доколку опстојува опасноста од бегство би можел притвор да се побара и во некој од другите предмети. Треба ли да се отвори дебата за потребата од промена во законот.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста