Регистрирани 137 нови случаи на Ковид-19, почина 63 годишен пациент од Дебар

Во последните 24 часа се направени 1414 тестирања, а регистрирани се 137 нови случаи на ковид-19 во:

  • Скопје 53
  • Куманово 19
  • Штип 8
  • Тетово 4
  • Струга 2
  • Велес 6
  • Битола 7
  • Гостивар 10
  • Гевгелија 2
  • Струмица 1
  • Крива Паланка 2
  • Пробиштип 2
  • Македонски Брод 3
  • Берово 2
  • Делчево 5
  • Свети Николе 6
  • Кичево 3
  • Неготино 2

Во болнички услови почина 63 годишен пациент од Дебар.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 58 оздравени пациенти од:

  • Скопје 22
  • Штип 1
  • Прилеп 1
  • Тетово 3
  • Струга 11
  • Битола 2
  • Охрид 9
  • Гостивар 5
  • Демир Хисар 3
  • Виница 1

Досега во земјата се направени вкупно 137.465 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 13595, бројката на оздравени пациенти е 10110, на починати е 564, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2921.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста