Регионот се враќа во нормала: По Србија и Хрватска ги отвори рестораните и кафулињата

Хрватска ги отвори рестораните, кафулињата, трговските центри. Граѓаните едвај дочекаа утринското кафе да го испијат на омиленото место, со омилениот весник. Хрватските медиуми објавија интересна фотографија од двајца пријатели кои со нетрпение чекале да се отвори нивното омилено кафуле. Кога тоа се случило, седнале на омилената маса и со синџири се врзале зa неа за како што велат  „ никој да не може да ги исфрли ако дојде до повторно затворање на угостителеските објекти“.

Денеска во Грција се отворија  сите продавници за малопродажба, освен трговските центри, матурантите се враќаат во училиште, а 70 отсто од државните службеници се враќаат на работа. Од денес во земјата почнува втората фаза од планот за олабавување на рестриктивните мерки.

Во Албанија од денеска се отвораат  фризерниците , стоматолошки ординации и дел од шопинг-центрите. Отворањето на овие бизниси ќе биде придружено со строг безбедносен план.

Рестораните и кафулињата во Србија се отворени веќе една недела. Граѓаните ги посетуваат локалите со одредени мерки за безбедност, а персоналот носи заштитни маски и ракавици. Се нарачува кафе, цедени сокови но и многу ракија.

Во Словенија веднаш по отворањето на угостителските објекти се виде дека е речиси невозможно да функционира правилото, гостите да бидат од едно домаќинство, па затоа брзо беше мерката беше сменета .  На иста маса во рестораните ќе можат да седат и луѓе кои не живеат заедно.

Во Црна Гора бројот на излечени се зголемува а со тоа се намалуваат рестриктивните мерки. Така, работата на здравствените установи ќе се нормализира, дозволен е јавен превоз во градовите каде нема заболени, а меѓуградскиот помеѓу неколку градови е поделен во три групи. Дозволено  е вршење верски обреди во однос на одредени мерки за оддалеченост,а во затворени простори сè уште е задолжително да се носат заштитни маски.

Адријана Алексиеска

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста