Реџепи: Ја исполнив молбата на СДСМ и ДУИ и повикав муслиманите да гласаат за Пендаровски

Дали навистина поранешниот реис на Исламската верска заедница помогнал Пендаровски да седне на претседателското столче? Сулејман Реџепи обелодени дека бил повикан од претставници на СДСМ и ДУИ за да помогне  Пендаровски да стане претседател. Од кај Пендаровски демантираат.

„Миле Зечевиќ од СДСМ, преставник на Зоран Заев, и Изет Меџити, преставник на ДУИ, ме молеа да ги примам на состанок. Им реков каде сакате вие, нема потреба од молба. Тие се луѓе што преставуваат сериозни субјекти. Важно е што јас прифатив, дојдов во Дом на пратеници, побараа од мене да ги помогнам со апел за изборот за преседател на Стево Пендаровски. Јас ја повикав мојата популација, моите муслимани и тоа даде резултат и самиот Стево Пендаровски ми има кажано – ова е твоја победа не моја, рече Сулејман Реџепи – поранешен реис на ИВЗ

Од кабинетот на Претседателот, демантираа, велат претседателот Пендаровски бил избран на легитимен и законски начин, на слободни и демократски избори, што било потврдено во сите извештаи на ОБСЕ / ОДИХР.

„Претседателот Стево Пендаровски, ниту пред ниту по изборите, не комуницираше директно или индиректно со тогашниот претседател на ИВЗ, Сулејман Реџепи. Неговите изјави се само лаги и измислици. Ние ги сметаме ваквите изјави на Сулејман Реџепи како крајно несериозни и несоодветни, со оглед на неговата претходна улога во Исламската верска заедница, соопштија од Кабинет на претседателот на државата.

Побаравме одговор и од СДСМ.. Стево Пендаровски го избраа граѓаните, на слободни, фер и демократски избори.. Победи мнозинската воља на граѓаните за напредок, одговорија од владеачката СДСМ.

Нашето прашање беше, дали е вистинито тврдењето на Реџепи, и каква улога имал Миле Зечевиќ..

Мери Ѓорѓиевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста