Речиси седум илјади работници не земале плата за февруари

Речиси 7 илјади работници останаа со празни џебови, бидејќи фирмите не им ја исплатиле февруарската плата. Обврската не ја исполниле скоро 11% од компаниите. Дел од нив чекаат во собранието да се одблокира 5-тиот сет мерки. И додека работниците се уште не зеле пари за февруари, почнаа да течат роковите и за исплата на плата за март. Засега Управата за јавни приходи им пратила само опомени. Директорката Сања Лукаревска вели ќе имаат разбирање и толеранција за фирмите, но до кога не знаеше да каже.

 И додека на компаниите ни оддалеку не им е подобрена финансиската состојба, а секојдневно се делат откази и се затвораат фирми, старите сметки стигаат за наплата. Ништо не е гратис. УЈП сега бара сите компании што лани земале помош, да ја вратат. Фирмите за овие мерки биле помогнати со 135 милиони евра. Сега тие имаат обврска да вратат 19 и пол милиони евра или 14,5% од вкупно исплатената поддршка.  

Се уште трае и процесот на контроли и глоби за сите фирми кои изминатите месеци ја злоупотребија државната помош. Има газди кои добиле, а не исплатиле  работници за 1, 2 или 3 месеци. Некои, по опомените  дадоа плата, за други пак, има кривични пријави.

Инаку, од УЈП се задоволни од наплатата на даноците годинава. Вкупните даночни приходи од јануари заклучно со март биле поголеми за 3% во однос на планираните. Од нив, раст има во наплатата на данок на добивка од 1,76% и кај ДДВ од 4,7%, додека помалку приливи зод минус 0,5% има од данокот на личен доход.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста