Речиси една третина од просечна македонска плата оди на витамини за заштита од ковид19
Едно четиричлено семејство ако живее со една просeчна македонска плата, треба да издвои нешто помалку од една третина од домашниот буџет за да ги обезбеди основните витамини и суплементи за превенција од ковид19. Витамин Ц и Д, цинк, селен и магнезиум се најбараните имуностимулатори. Алфа контактираше неколку аптеки за да ни ги наведат цените. Сумата воопшто не е ефтина и варира, во зависнот од производителот. За едно лице да го обезбеди месецот со неопходните витамини потребни се најмалку 2000 денари, додека за четиричлено семејство сумата се искачува и до 8 000 денари. Колку овој трошок можат да го издржат граѓаните?
Лекарите повеќепати алармираа дека витамините колку што можат да помогнат, толку може и да наштетат на здравјето на граѓаните.Затоа е исклучително важно да се знае кои точно витамини треба да се пијат и во колкави дози.
“Проблем е екстермниот внес на витамини – суплементи. Не е голем проблемот со Ц витаминот затоа што вишокот од витаминот се лачи. Меѓутоа екстермно високо давање на Д витамин може да предизвика хипервитаментоза… каде што дел од симптомите можат да имитираат на лажна ковид инфекција.” – вели д-р Беќаровски.
Освен превентивата од ковид19 што чини скапо, двојно поголем е трошокот и за позитивните пацинети кои се лекуваат во домашни услови. Доколку ги купат сите препорачани лекови, антибиотици и витамини треба да издвојат околу 5200 денари. Ако во семејството има тројца позитивни, ќе ги чини и до 250 евра.
Ања Василева