Речиси еден месец по трагедијата во Тетово нема никаков детал за причините за пожарот, Заев со нов изговор

Речиси еден месец по страотниот пожар во тетовската модуларна болница,сеуште нема никаква информација,ниту збор, за тоа како изгоре објектот за само три минути.Премиерот Заев, под притисок на јавноста наоѓа нови оправдувања.Ќе барал вели, да биде објавен извештајот на МВР од нивниот извршен увид во опожарената болница ,иако тоа е невозможно,оти тој е во рацете на обвинителството ,а истрагата сеуште трае.Извештајот пак, од германските експерти , ќе бил готов за околу две недели.

Во Обвинителство пак, без да соопштат конкретни детали, велат дека дејствијата во целата постапка континуирано се одвивале.

Во Основното јавно обвинителство Тетово во петокот пристигна извештајот од МВР од извршениот увид. Извештајот ќе биде разгледан и анализиран од страна на обвинителите. Се очекува да пристигнат извештаите и податоците за кои обвинителството има издадено наредби и насоки. Дејствијата за утврдување на причините за настанатиот пожар кои ги преземаат петмината обвинители континуирано се одвиваат. Се уште се врши сослушување на членови на Комисии за импелементација, следење и технички прием на  модуларните монтажни контејнери, кои биле со решение формирани од Министерството за труд и социјална политика – велат од Обвинителство.

Во петок се навршува еден месец по страотниот пожар во модулараната болница во кој загинаа 14 лица, а 12 успеаја да се спасат.Иако се бараше брза истрага, таа се чини како да тапка во место и е фрлена во сенка на изборната кампања.Јавноста нестрпливо чека да слушне, што и како успеа да ја пеплоса болницата за само три минути.Расте и револтот,што досега,освен оставките само на хартија, нема никаква одговорност.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста