Речиси 500 дивоградби во Охрид и Струга на само 50 метри од езерото

За каква правда ние зборуваме, за каква институционална функционалност во Македонија зборуваме кога не е направен ниту еден инспекциски надзор и покрај тоа што во извештајот на Унеско стои дека посебно во месноста Радожда се изградени многу бетонски конструкции на брегот на езерото.Додека Мерко ја замајуваше јавноста дека во Струга нема ниту една дивоградба, зошто не се испратени инспекциските служби на терен да ја скенираат состојбата ?-врие кај граѓанските активисти по информацијата дека на струшкото крајбрежје,во строго заштитениот појас,на само 50 метри од Охридското езеро,има 65 нелегално изградени објекти.

Мерко е симптом на едно сеопшто труло управување со Македонија.Тој човек не е способен да ја извршува функцијата градоначалник, тој човек не знае што значи светско природно и културно наследство-рече Драгана Велковска-Охрид СОС.

Како да се наоѓа тој дел во друга држава и како да не важат законски прописи за тој дел,а сведоци сме и нас секоја недела ни праќаат жители форографии и било какви документи,докази, дека се гради, се узурпира крајбрежјето-рече Владимир Трајаноски-граѓански активист.

Ништо подобра не е ниту ситацијата во Охрид,каде на 50 метри од брегот се евидентирани 414 дивоградби, а 2321 во границите на Националниот парк Галичица.Од оштина Охрид информираат дека од 15-те илјади барања за легализација,доставени пред 2 години-11.000 се семејни куќи, 420 згради и 28 хотели.

И во една вака хаотична ситуација министрите функционираат како расштиман оркестар.ДодекаСтефоска која го води ресторот култура и е Претседател на Националната комисија на Унеско, побара од Владата одземање на ингеренциите на општините Охрид и Струга бидејќи немале волја да го заштитат светското природно и културно наследство впишано во УНЕСКО,за нејзиниот колега Бочварски,тоа во овој момент било непотрбана политика.

Доколку се доведеме во таква ситуација да ги враќаме ретроградните процеси назад во 2005-та или 2004-та да повторно се централизираме, сметам дека тоа е лоша политика и лоша порака да повторно она што сме го децентализирале,а тежнееме уште повеќе ингеренции да даваме на општините, да ги враќаме назад во Скопје-рече Благој Бочварски-мин.за транспорт и врски.

Бочваерски ладнокрвен,Владата е тука само финансиски да помогне,порачува општните сами да се ставеле со илјадниците дивоградби кои патем секој се ободува да ги легализира.Инаку,закон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти го коментираше и Унеско отворајќи го прашањето, дали веќе легализираните објекти се проценети во однос на нивното можно негативно влијание врз животната средина и како е тоа направено?

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста