Речиси 20 илјади дивоградби во охридско чекаат на второ изгласување на законот за легализација

На потегот од охридскиот аеродром ‘’Свети Апостол Павле’’,па се до Свети Наум има над 19.000 дивоградби, дел од нив на исклучително атрактивни локации. Ова е листата на дивоградби каде заклучно со месец март 2019-та се впишани вкупно 19.974 дивоградби за кои се поднесени барања за легализација.Во документот стои за каков вид објект се работи,но најголем број од барања се однесуваат за атрактивни локации на Охридското езеро-вели Андријана Башоска од граѓанската иницијатива “Глас за спас на Охрид”. Но, доколку се анализира листата воочливи се барања каде во табелата за постапување со бесправно изградени објекти, нема податоци што конкретно треба да се легализира,графите се празни- додава Башоска.

Некој се обидува да добие легализација без притоа да наведе каков објект, што конкретно сака да легализира со таа легализација. Целта на ваквите така да ги наречеме легализатори е да добијат документ каде што ќе имаат легализација, а потоа кога ќе се донесе дуп-от на Охрид само да се вметне објектот што тие го посакуваат и сметам дека овој чин е криминален. Бетонски чудовишта не му се потребни на Охрид, тие не само што ја деградираат убавата природа,и целокупниот амбиент, од нив имаат корист само урбаната мафија-рече Андријана Башоска-граѓанска иницијатива “Глас за спас на Охрид”.

Постојат легализации за кои во период од 15 години,се правеле обиди да се легализираат, подметнувајќи ги на Седниците на гратскиот Совет,но истите биле повлекувани бидејќи земјиштето на кое узурпаторите сакале да легализираат е во процес на денационалзиација. Тоа се случуваше во 2004-та, 2014 и 2019-та година вели Башоска која многу смело и отворено зборува кој стои зад таквите барања и за кои локации станува збор.

Овие легализации всушност сакаше да ги направи еден познат охридски бизнисмен и тоа преку неговите фирми.Тој преку своите фирми има поднесено барање за минимум 20 легализации и тоа на најатрактивните места на Охридскто езеро.Тој се обидува да легализира дивоградби на земјиште кое е во процес на денационализација во Градиште, како и базен и други пропратни објекти кои се водат на државно земјиште во Парк и во Горица-рече Андријана Башоска-граѓанска иницијатива “Глас за спас на Охрид”.

Барањата за легализација сеуште стојат во документот за инветаризацијата,иако требаше веднаш да бидат одбиени бидејќи нема податоци за истите,вели Башоска.Наместо тоа, Георгиески уште во време кога беше в.д. градоначалник на крајот на 2018-та, почетој а 2019-та побара преиспитување на целиот случај,но ништо од тоа,од тогаш изминаа 2 години, а епилог нема-децидна е Башоска која за ова ги информирала сите надлежни институции и политички моќници.Таа апелира да се води сметка што се легализира во охридскиот регион,во правна држава не смее да се носи ваков заон за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти бидејќи истиот се коси и со серија друго закони.Имам впечаток додава Башоска, дека држава нема сила да се бори против многубројните дивоградби.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста