Речиси 2,5 милиони заболени и над 170 000 починати од коронавирусот во светот

Бројот на заразени  од корона вирусот во светот достигна речиси 2 и пол милиони, над 170 илјади починале, а бројот на оздравени надминува  650 илјади.

На врвот, во овие црни статистики е  САД, со околу  800 000 луѓе инфицирани од вирусот и  над 40.000 смртни случаи.

Црни статистики и во Франција, каде досега смртните случаи од КОВИД-19 надмина 20.000. Во Шпанија бројот на мртви од вирусот изнесува 20,852 а во Италија 24,114.

И покрај тоа што во светот се уште се води битка против овој вирус, голем дел од земјите подготвуваат планови за олабавување на мерките, а дел од нив веќе и почнаа со враќањето на нормалниот тек на животот, особено во делот на економијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста