РЕАЛ ВО МАДРИД ИГРА (21.00) СО ЧЕЛЗИ НА ОТВОРАЊЕТО НА ПОЛУФИНАЛЕТО ВО ФУДБАЛСКАТА ЛШ

Со меч во Мадрид денеска започнува полуфиналето од Лигата на Европските фудбалски шампиони. Реал од 21 часот го дочекува Челзи во крајно неизвесниот мегдан бидејќи кралевите се во евидентна криза во последниот период, а Челзи делува дека излезе од неа за што говорат неколкуте победи по ред во Европа и во Англија. Во секој случај предност од првото одмерување ќе биде од огромна важност за реваншо предвиден за 5 мај на Стенфорд Бриџ. Во меѓувреме ќе видиме и две соочувања на ПСЖ и Манчестер Сити. Поатрактивниот дуел од овој круг кај најелитните започнува утревечер на паркот на принцовите, по што Французите ќе одат на возвратна следниот вторник на Итихад.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста