РЕАЛ МАДРИД И МАНЧЕСТЕР СИТИ СЕ НОВИ УЧЕСНИЦИ НА 1/4 ФИНАЛЕТО ОД ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ

Реал Мадрид и Манчестер Сити ги надополнија победите и предностите што ги стекнаа пред три недели во Бергамо односно во Менхегладбах и без поголеми проблеми ја минаа првата елиминациска рунда во Лигата на шампионите. Кралевите до четвртфиналето дојдоа со нови 3-1 на својот Алфредо Ди Стефано стадион против Аталанта која и допатува по домашен пораз од 1-0. На Итихад Манчестер Сити уште еднаш ја победи Борусија Монхегладбах со 2-0 и со вкупни 4-0 е во новиот круг. Реал и Сити им се приклучија на Порто, Борусија Дортмунд, ПСЖ и Ливерпул кои ја чекаат жрепката во петок, а денеска, во усвоениот термин од 21 часот се двете последни реванш соочувања од осминафиналето. Баерн во Минхен влегува со огромни 4-1 против Лацио, а Челзи во Лондон со 1-0 тргнува во вторите 90 со Атлетико Мадрид.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста