Реал Мадрид и Баерн Минхен пред елиминација во четвртфиналето од Евролига

Кошаркарите на Реал Мадрид се наоѓаат пред елиминација во четвртфиналето од Евролигата. „Кралевите“ вторпат во Истанбуул загубија од Анадолу Ефес, сега со 91-68.  Турската екипа и првиот меч го доби со убедливи 90-61, па така во вторник во Мадрид ја имаат првата меч топка за прогрес на фајналфор завршницата. На добар пат за место меѓу најдобрите четири се и Олимпија Милано откако поведе со 2-0 против Баерн Минхен. Вечерва, ЦСКА Москва ќе атакува на дупла предност против Фенербахче од 19 часот, а иста задача на свој терен ќе има и Барселона против Зенит од 21 часот.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста