Реакции : отворањето на бугарскиот културен центар е провокација за Mакедонците

Отворањето на бугарскиот културен центар е провокација за Македонците и нема никаква допирна точка со она што значи Договор за добрососедство. Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизарахи во изјава за Алфа вели дека центарот „Ванчо Михајлов“ е уште една од низата бугарски провокации кои стигнуваат на адреса на Македонија. Мизрахи како и Еврејската заедница и Фондот на холокаустот реагираат дека културниот центар можеше да го добие било кој назив, друго име, а тие се одлучија за Ванчо Михајлов, име на потврден фашист и близок соработник на Павелиќ, Мусолини и на Хитлер што претставува навреда за евреите и е закана за човековите слободи и права, кршење на демократскиот карактер и вредностите на модерна Европа.

А бугарскиот центар ги разгорува  реакциите не само на македонската политичка сцена, туку и кај бугарската експертска јавност. Дел од бугарските интелектуалци не се согласуваат со тамошните политичките чинители . Професорот од Софискиот Универзитет Ивајло Дичев реагира дека властите во Бугарија не знаат каде одат. Предлага решение за тоа кои биле Бугарите за време на Втората светска војна, односно да се признае дека тогашната влада на Бугарија била соучесник на Хитлер…

„ Нашите владетели јавно не знаат каде одат, а можеби не ја знаат доволно ни улогата на Ванчо Михајлов пред чие име се сликаа. Кај нас ги покажаа само оние плакати на кои што се обвинуваат Бугарите дека им се крвави рацете. Со ова решението на глупавиот спор се оддалечува уште повеќе, а сите наши фундаменталисти го кажаа и го нагласија тоа“, вели  Дичев во изјава за мкд.мк.

За отворањето на бугарскиот центар во срцето на Битола бурно реагираше и Сојузот на борцитекои изразија јавен протест поради како што велат антимакедонските политики на официјална Софија, но и односот на македонската влада кој толерира промоција на центар со името на Ванчо Михајлов, преку што директно ја помага рехабилитацјата на фашизмот и антимакедонсизмот во минатото.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста