Реакции од политичките партии за „замрзнувањето на балансерот“

Реакции од политичките партии за „замрзнувањето на балансерот“

Тајм-аутот за балансерот од уставните судии се најде во центарот на партиските обвинувања во албанскиот политички блок.

Коалицијата ВРЕДИ, реагираше писмено, обвинувајќи дека зад одлуката за балансерот стои ДУИ, бидејќи судиите добиле мандати во време кога тие беа на власт, а целта според нив е да се создадат меѓуетнички проблеми. Велат дека се подготвуваат закон за правична застапеност, за кој Села од Алијанса за Албанците најави дека ќе го поддржи доколку целта е унапредување на правата на Албанците. Тој прв застана на говорница во Собранието и одлуката на Уставниот суд ја нарече скандалозна, иако се согласува дека балансерот се злоупотребувал. Дополнително бара Уставниот суд да одлучува по Бадентеров принцип.

  • Ние протестираме, а исто така и граѓаните треба да протестираат заедно со нас и да го решиме овој проблем еднаш засекогаш. Ова беше очекувано, бидејќи најавата за овој исход што се случи во Уставниот суд доаѓа од челниците на Влен. Целта е да ја легитимираат секоја политичка постапка која ВМРО-ДПМНЕ ќе ја прави и со нивното присуство во таа власт да ги легитимираат ваквите односи. Јас имам порака до нив – штета која ја прават за ова општество е многу голема. Им препорачувам да направат чекор назад и да почнат да размислуваат не само за нивните интереси, туку и за доброто на сите граѓани“ – додаде Села.

ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ без коментар за одлуката на Уставниот суд да се отвори предмет и да се преиспита уставноста на вработувањата под етнички клуч.

Премиерот Христијан Мицкоски претходно рече дека нема да коментираат одлука на судот, но ќе ја почитуваат. Според него, било какви дадени изјави и коментари можат да се протолкуваат како притисок врз уставните судии.

Уставните судии ќе побараат мислење од Собранието, Владата и Министерствата за администрација и за политички систем, кои заедно ја имаат донесено методологијата за вработувањата во администрацијата според етничка припадност. Рокот за изјаснување е 10-15 дена, по што ќе изготват реферат. Тие што распишуваат или веќе распишале конкурси, треба да проверат, ако содржи некои од оспорените одредби, да не преземаат ништо до конечната одлука на судот.

https://youtu.be/ypYErmRzB8w
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста