Разрешувањето на Мизрахи приоритет за Спасовски

Техничкиот премиер инсистира на разрешување на министерката за труд и социјална политика – Рашела Мизрахи. Бара и мудрост од ВМРО-ДПМНЕ, ама и самиот мудрува оти требале да предложат, на пример, некој од пратетениците што гласале за Северна и за Протоколот за НАТО. Зошто Спасовски сега не мисли да се почитува договореното во Пржино?

-Да правам компромис за почитување на Устав и на закон, па посебно на министер што даде свечена изјава дека ќе го почитува Уставот и законот, нема да се случи. Очекувам опозицијата да биде мудра и да предложи кандидат што ќе го почитува Уставот и законите. На пример, еден од пратениците што гласаа за Северна Македонија и за протоколот за НАТО. Еве, како можно решение, иако одлуката е нивна, вели Спасовски.

Дали ваквото инсистирање на техничкиот премиер има за цел да ги исплаши сите па и граѓаните да ја употребуваат „Северна“ и покрај правото на самоопределување? Зошто истовремено Спасовски, ако навистина се грижи Уставот да се почитува – не побара санкционирање на никого од редовите на партијата за антисемитските напади кон Мизрахи?

Оваа тензија на техничкиот премиер доаѓа веднаш по неговото грубо кршење на правото во понеделникот вечерта кога дозволи корекции на законот за јавно обвинителство без почитување на процедурата, во Собрание, да праќа нов. Дали разрешувањето на Мизрахи треба да е приоритет за Спасовски?

Дилемите остануваат. Ако Мизрахи биде разрешена, а ВМРО ДПМНЕ не предложи друг, тогаш нејзината заменичка до изборите останува да врши функцијата, што секако не е во духот на Пржинскиот договор. Дали ова е притисок или провокација на Спасовски во нов обид за одложување на изборите?

Инаку, барањето за разрешување на Мизрахи следи откако министерката неколкупати се појави на прес-конференција пред табла со името Република Македонија. Нејзиниот став е дека таблата ја затекнала кога ја презела функцијата и оти пред неа и во минатото поранешната министерка Мила Царовска одржувала средби и прес-конференции.

Првиот удар врз Мизрахи беше на антисемитска основа и тоа од функционери и поддржувачи на СДСМ. Мерсиха Смаиловиќ, алудирајќи на етничката припадност на Мизрахи и порача да си стави давидова ѕвезда. Пожестока од неа беше Видана Бошкова Мицевска, која на социјалните мрежи важи за голем поддржувач на политиките на СДСМ. Без никаква причина таа направи етничко профилирање на техничката министерка. Дел од нејзините пораки на Фејсбук, добија лајк и од Зоран Бојароски, советникот за медиуми во Владата.

Сања Трајковска Ставров

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста