Разрешена директорката на гимназијата „Никола Карев “

Разрешена директорката на гимназијата „Никола Карев“ Горица Илиоска-обзнани на фејсбук градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.

Во написот на фејсбук Шилегов уште додава дека раководителите на средните училишта треба во својата секојдневна работа да ги почитуваат правото на слобода, мислење и протест .

Град Скопје

РАЗРЕШЕНА ДИРЕКТОРКАТА НА СУГС НИКОЛА КАРЕВ

Градоначалникот Шилегов донесе решение за разрешување на директорката на гимназијата Никола Карев во Скопје, а по објавената снимка каде што Горица Илиовска на насобраните ученици во холот на гимназијата се заканува со последици врз учениците, доколку истите излезат на протест против загадувањето и глобалното затоплување.

Градот Скопје им укажува на сите раководители на своите институции дека во својата секојдневна работа треба да ги исполнуваат принципите според кои се избрани како почитувањето на правото на слободно мислење, правото на протест и демократскиот натпревар на идеи. Оваа градска администрација стои зад сечие право на протест и слободно мислење и во неа нема место за закани кон средношколците и нивното демократско право на собир и протест.

Правото на здрава животна средина е неприкосновено право, исто како и правото да се протестира за истото. Битката против климатските промени и за чистиот воздух мора да биде заедничка, на институциите, но и на граѓаните. И не само декларативна, туку и конкретна. Институциите да предначат, а граѓаните со свој пример да учествуваат во неа. Само така, таа битка може да ја добиеме. Сите заедно.Токму заради иднината на нашите млади.

Со почит,

Град Скопје