Разрешен директорот на струшката болница, јавноста бара расчистување на случајот
Седум месеци по инцидентот со родилката од Дебар на која и беа извадени бубрег,матка и јајник, министерот Филипче одлучи да формира комисија и да го разреши доктор Мухамед Асани,иако како што тврди младата мајка Јелдиз Веапоска, ресорниот министер за случајот бил инфомиран уште од првиот ден. По извештајот со кој Лекарската комора го амнестира од одговорност струшкиот гинеколог Асани бидејќи стручниот надзор покажал дека немало пропуст во лекарската интервенција, под притисок на јавноста и институциите како Хелсиншкиот комитет за човекови права формираа е нова 5 члена комисија. Ја сочинуваат директорите на клиниките за гинекологија, урологија и КАРИЛ,потоа директорката на државниот здравствен и санитарен инспекторат и правник од министерството за здравство.Нивна задача е да направат уште една анализа.Но јавноста, бара итно расчистување на случајот.
Да се испита дали е стварно или не е стварно тоа што е направено и што чувме.Ако е тоа така треба да одговара ? Ако неправилно има работено, треба да одговара.Тоа човек е, и животно да е треба да одговара; 2.Тој треба да одговара ако е точно ,да земиш ти бубрези, органи а,го прават тоа. Тој што е правичен, онде ќе се обеси на мостон; 3.Озборувања има колку сакаш меѓутоа ралноста не ја знам воопшто и затоа не знам што би рекол;4.Човечки живот е тука ја упропастија, најважните органи и ги извадија треба да се превземат мерка; 5.За се’ треба не само за тоа,одиш чекаш на ред таму контрола да правиш било каде во Македонија по 300,400 луѓе куплерај, наместо ти да се лечиш,можиш да умреш; – велат граѓаните.
Инцидентот со родилката од Дебар, предизвика осуда и реакции на социјалните мрежи,луѓето бараат одговорност.
– Ако сакаш да се докажеш како добар доктор,политичар и слично, би им ја одзел лиценцата ако треба и на 10 доктори,затоа што во оваа држава мора веќе да се научат дека никој од нив не е Бог и не може да си игра со туѓ живот,а не да формирате комисии. Која стручна работа? Стручно ја оставија без органи жената, не знае дали ја породил со машко или женско дете, од стручни лица до тука сме! –коментираат граѓаните.
28 годишната Једиз Веапоска се сомнева дека доктор Мухамед Асани воопшто бил присутен за време на породувањето затоа што,како што самата кажа -во дел од извештајот е содржана изјавата од Асани во која тој навел дека таа се породила со машки плод, а јас вели, дома донесов женско дете.
Родилката која веќе има поднесено кривична пријава против доктор Асани и целиот тим кој за време на интервенцијата бил во операционата сала, вели дека ќе се бори се додека не се обелодени вистината.
Росица Голабоска