Различни обичаи за Велигден во Тетово од другите градови

Православните верници во Тетово со голема надеж дека и понатаму ќе празнуваат Велигден според традиционалните обичаи, а кои изминатите две години на некој начин беа прекинати поради пандемијата. 

Адетите се поделени на женски и машки. На Велики Петок, само жени во групи одат во три цркви во попладневните часови.  Мажите пак на ден Велигден се дотеруваат и одат да посетат што е можно повеќе куќи на тетки, вујни и стрини за да честитат празник.

  • Не било лошо да има идење по гости. Има луѓе што не се гледаат цела година, едино вака на празници, доаѓаа да се вида 00.13
  • Јас се надевам дека ќе се одбележува на начин на кој сме достојни, со целосно почитување на традицијата и ќе биде се како што било порано
  • Мора да се врати и традиција и се. Без традиција нема ни прослави, нема ништо. Стално да ги славиме славите наши, по тоа ќе се дознае кој сме и што сме, народот наш.

Тетовскиот хроничар Дарко Гавровски вели дека иако некои верници ја избегнуваат традицијата, патувајќи за овој празник, сепак повеќето тетовчани си го сакаат ваквиот начин на празнување и во иднина така ќе го чествуваат. Нема поубаво од честитање празник во живо, вели тој,

  • Мала пауза се направи овие последниве две години со Ковид кризата,но сепак тетовчани оваа годиан се враќаат назад на старата традиционална прослава. По моите информации, голем дел од тетовчаните прославуваат на стариот традиционален начин со одење по гости и како што кажуваат поголемиот дел од моите читателки тетовчанки во групата која ја водам за Тетово на Фејсбук – викаа со душа го чекамо овја празник, живимо за овја празник, како да не отвориме куќа.Порано било најголем грев у Тетово да биде врата затворена за Велигден вели Дарко Гавровски.

Домаќинките ги пречекуваат гостите со богато подготвена трпеза, а на заминување ги даруваат со вапцано јајце.  Адет е да се оди по гости со нова облека. 

Александар Самарџиев

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста