Разбојништво во Битола, уапсено едно лице

Секторот за внатрешни работи Битола, Одделението за општ криминал при СВР Битола до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против О.Е.(22) од Битола поради постоење основи на  сомнение за извршено кривично дело “разбојништво“. 

Пријавениот на 09.09.2020 околу 18,45 часот на улицата “Филип Втори Македонски” во Битола извршил кривично дело разбојништво на тој начин што додека се разминувал по улица со М.М.(37) од Битола физички ја нападнал и и го скинал и одзел златниот ланец.

По превземените мерки и активности  О.Е. бил пронајден и приведен.

Поврзани вести