Расте револтот кај тетовци поради проблемите со водоснабдувањето, надлежните чекале вистинска пролет за да има доволно вода

Расте револтот кај граѓаните поради проблемите со водоснабдувањето и рестрикциите кои траат со месеци.Во време на пандемија,Тетово нема доволно вода за своите жители, и покрај двата водовода.Граѓаните полни со сомнежи,бараат одговори на многу прашања-колку е функционален новиот водовод и зошто град под планина полна со извори, да биде со суви чешми.

Надлежните пак, се чини веќе не знаат како да се правдаат.Сега велат,чекале  вистинска пролет за градот да добиел вода. Проблем било студеното време, па затоа изворите немале вода.

–Поради ниските температури во високите предели, од каде се снабдуваме со вода,каде што ни се изворите, ние имаме одложување на времето потребно да стигнат тие количини кои се потребни за градот-рече Љулзим Шаќири раководител на секцијата “Водовод” при ЈКП Тетово.

Еколошките здруженија пак, откако не добија одговор од премиерот Заев, сега пратија писмо и до Претседателот Стево Пендаровски.Бараат овој сериозен проблем кој директно влијае на животот и здравјето на луѓето, да се третира во рамките на Советот за национална безбедност за пронаоѓање трајно решение. И покрај двата водовода и вклучените бунари,периодов Тетово е со повеќечасовни рекстрикции, два пати во текот на денот.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста