Расте револтот и незадоволството кај поддржувачите на СДСМ

После 20 години работа и трчање за партијата, гостиварецот Спиро Спироски вели дека е крајно разочаран и навреден од постојаните лажни ветувања,но и погрешни политики на СДСМ.Сите досегашни заложби за партијата вели,биле залудни.Незадоволството меѓу членството пак,тврди ,се повеќе расте.

Спировски вели дека не е изигран само како член и верен поддржувач на СДСМ, туку и како координатор на стечајците за Гостивар.И не само во овој град, револт има и во кавадаречкиот огранок на стечајци.

За револтот и незадоволството кај дел од членството на СДСМ,не сведочи само случајот со Спировски ни Камчев.Деновиве на социјланите мрежи, и други верни поддржувачи на партијата јавно се откажаа од неа,палејќи ги своите членски книшки.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста