Расте притисокот да стартува казнувањето за непочитување на двојазичноста во Македонија

Расте притисокот да стартува казнувањето за непочитување на двојазичноста во земјава. Поддршка за ова пристигнува дури и од Косово, ќии претставници на конференција во Скопје делеа совети како овој процес кој е регуклиран со Законот за употреба на јзиците, да стане поефикасен. Казни велат мора да има и тоа за правни но и за физички лица.

Директорот на Агенцијата за примена на јазикот во земјава, Илбер Села, бара засилени контроли, но и вработување на албанци во институциите кои ќе треба да вршат преводи.

Освен експерти, засилени казни бараат и политичари од Косово кои дури и советуваат од нив да сме зеле пример за употреба на албанскиот јазик.

Екс премиерот и министер за внатрешни работи на Косово, Енвер Хоџај, на денешниот форум рече дека Македонија.

Во нацртот во став 1 од член 22 се наведува дека: Правните лица кои не го почитуваат Законот за јазици ќе се казнат со парична казна од 300 до 500 евра, додека лидерите на институцијата ќе бидат глобени од 100 до 200 евра.

Интересно е тоа што санкциите не се во согласност со казните предвидени со Законот за употреба на јазиците, според кој ако органите не ги почитуваат одредбите ќе се соочат со глоба од 4.000 до 5.000 евра, а службеното лице ќе плати 30% од казната.

Со оглед на фактот дека се работи за прекршочна постапка, во делот на прекршоците важат одредбите од Законот за прекршоците, а не од Законот за употреба на јазиците.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста