Расте бројот на заразени здравствени работници – болниците кубурат со кадар

Болниците кубурат со кадар. Расте бројот на здравствени работници кои имаат позитивни резултати или се во изолација поради контакт со позитивни лица. Во моментот околу четириесетина вработени во Делчево, Кочани,Струмица и Штип од кои најголем број се медицински сестри се надвор од работниот процес. Надлежните мака мачат за да го надопоплнат отсуство. Поискусни сестри од интерно,неврологија, хирургија ротираат на инфективните одделенија. Поради ваквата ситуација тие се приморани на зголемување на часовите за дежурство.Ако претходни дежурале секоја четвта или петта вечер, сега тоа го прават секоја трета вечер, информираат од Општа болница во Струмица. Сликата не е поразлична и во останатите ковид центри и здравствени домови во југоисточниот регион. Ваквата ситуација ги стопира операциите, во Кочани и Штип  се работат само животозагрозувачки

Во меѓувреме полека се намалува притисокот врз болниците, но тоа не значи дека граѓаните  треба да се отпуштат, алармираат здравтвените работници. Бројот на новинфицирани во југоисточниот регион е во постојан пораст. Во дневната амбуланта во струмица дневно се прегледуваат околу 80тина пациенти. Во Општата болница во КОчани се хоспитализирани 18лица, во Штип 58 . во СТрумица има само два слободни кревети, што не значи декаи  во текот на денот и ќе останат празни, информираат од струмичката болница.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста