Расте бројот на заразени ученици од Ковид-19 во Штип – Прв случај на локални трансмисија во училиштата

Расте бројот на инфицирани ученици , а во три штипски училишта од кои две основни и едно средно епидемиолозите констатирале и локална трансмисија на вирусот. Денес има четири новодијагностицирани, со што бројот на заразени основци и средношколци е 32. Во изолација се 80, а во текот на денот по направената анкета ќе се знае уште колку ученици од понеделник наставата ќе ја следат он лајн. Во овие училишта состојбата будно се следи, земајќи го во предвид големиот број на ученици, информираат од штипскиот Центар за јавно здравје.

И додека Штип е единствениот град во регионот каде што епидемиолозите констатирале локална трансмисија мегу учениците. Од Општината пак убедуваат дека ситуацијата ја држат под контрола.

 „Досега според кажувањата на нашата комисија се е во најдобар ред бидејќи секое училиште ги почитува протоколите. Се мери температура на влезот во училиштата, има посебни влезови и излези во училштата и се ограничуваат контактите на минимум меѓу учениците„-изјави Билјана Казанџиска-Општина Штип

Засега МОН останува на ставот наставата да се следи со физичко присуство. Во моментот во штипскиот Центар за јавно здравје нема регистриран наставник или професор инфицирани со вириусот.

Александра Ристевска  

Advertisements