Расте бројот на заразени ученици од корона вирус

Корона вирусот се шири во училиштата. Нови два случаи во средно и основно училиште во Кавадарци по досегашните 14, во неколку основни училишта во Скопје. Стравот кај родителите се шири, најмногу поради неизвесноста, како ваквиот модел на учење ќе влијае на епидемиолошката состојба со вирусот, и дали училиштата се подготвени целосно да ги спроведат протоколите за поголема безбедност. Министерката Царовска,  смирува – во училиштата немало трансмисија на вирусот, а учениците не се заразиле во училница. Процентот на заразени ученици и наставници е речиси ист.

 За јавноста е битно да знае дека во изминатиот ден имавме 14 позитивни случаи. Тоа е само 0,01 процент од вкупниот број ученици. Кои училишта, кои деца или кои наставници, знаат надлежните служби. Покажување со прст на ученик или школо, нема да донесе добро никому. Во моментов, со физичко присуство, настава посетуваат над 233.000 ученици во државата. Посакувам тој процент на заразени да остане во периодот кој следи, истакна Царовска, која потенцира дека единствениот и најдобар пристап кој може да го примениме во оваа пандемија е физичко присуство со почитување на протоколите – изјави Царовска.

Според протоколите кои ги подготви Комисијата за заразни болести, ако еден ученик развие симптоми на корона вирус додека е во училиште, треба да се изолира во посебна просторија додека родителот или старателот не дојде да го земе. Доколку се потврди дека ученикот е заразен со Ковид – 19, се известува епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје која треба да направи анкета и проценка за евентуален ризик врз основа на контактите, по што се одлучува, колку соученици ќе одат во самоизолација.

Адријана Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста