Османи: Петнаесетте нови случаи во Тетово се знак дека најлошото сѐ уште не минало

Расте бројот на заболени со коронавирус во Полошко.Новите 11 случаи позитивни на ковид 19 во општина Тетово и новите кластери укажуваат дека најлошото ,барем во овој регион сеуште не е поминато.И кај четири други пациенти , повторените тестови се позитивни.Поради ваквата состојба, не треба да се брза со олабавувањето на мерките, вели вицепремиерот Бујар Османи, кој денеска беше во тетовската клиничка болница.

– Очигледно и покрај тоа што впечатокот е тоа што ситуацијата е под контрола, и дека трендот е позитивн досега освен овој пик што денеска се случува но сепак костатиравме одредени слабости и во делот на почитување на индивидуалните мерки од тсрана на граѓаните и во делот на комуникацијата со матичните лекари и одговорот на матичните лекари кон барањата на граѓаните и направивме еден план кој ќе биде презентиран денес во Кризниот штаб-вели Османи.

Во однос на најавите за отворање на џамиите за верниците следната недела, Османи вели дека се подготвувале сет мерки за заштита кои би требало верниците да ги почитуваат. Државата има донесено уредба за спречување на поголеми групирања,но нема уставно право да се меша во одлуките на верските заедници.

Милена Вучевска