Расте бројот на загинати во земјотресот во Јапонија

Расте бројот на загинати во земјотресот во Јапонија

Бројот на жртвите од силниот земјотрес што ја погоди Јапонија се искачи на 48. Најмногу луѓе загинаа во градот Ваџима, во префектурата Ишикава“, пренесуваат тамошните власти.

Спасувачките операции продолжуваат, отежнати од тековните последователни потреси и оштетувања на патиштата. Во градот Ваџима избувнаа пожари во повеќе од 200 згради, но мали се шансите тие дополнително да се шират.

Утринава снимка од јавниот сервис покажува седумкатница која се урна и од неа се издига чад, во централниот дел на Ваџима.

Предупредувањата за цунами за областите долж брегот на Јапонското Море беа укинати утринава, откако највисокиот бран од околу 1,2 метри стигна до пристаништето Ваџима во понеделникот вечерта. Земјотресот предизвика штети и во префектурите Нигата, Тојама, Фукуи и Гифу.

Потсетување, неколку силни земјотреси, од кои најсилниот беше 7,6 степени според Рихтеровата скала, во понеделникот ја погодија јапонската префектура Ишикава, на брегот на Јапонското Море. Епицентарот на најсилниот земјотрес бил на околу 30 километри североисточно од Ваџима, на длабочина од 16 километри.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста