Расте бројот на заболени лекари и на пополнети легла во инфективните одделенија

Дали македонскиот здравствен систем плаќа преголема цена поради неадекватното справување со корона вирусот? Бројот на заболени здравствени работници од ковид-19 непрекинато расте, а според извештаите на Инстиутот за Јавно Здравје во моментов се активни дури 50. Денеска за прв пат е евидентиран позитивен случај и во Гинеколошко акушерска болница –Чаир. Сестра и техничар се заразени и на ГАК, додека најалармантно е во ГОБ – “8-ми Септември”  каде има 11 позитивни на корона и 14 се во самоизолација, додека позитивниот случај од Дебар кој првично бил на Клиника за неврологија, однесе 11 доктори, болничари и сестри во изолација. Дека здравствениот систем полека се рони доказ е големиот број на медицински  персонал кој што е во изолација. Иако Алфа побара, точната бројка од ИЈЗ не ја добивме – со нелогично објаснување дека тоа не е во нивна надлежност.

Рекордните бројки на заболени изминатите денови, експресно ги исполнува  Ковид болниците – Инфективната клиника во Скопје на располагање има уште 57 кревети, таму во моментов се хоспитализирани 53. По исполнување на капацитетите, кој се очекува за брзо да се случи, резервен план е – повторно да се постави полската болница која располага со 72 легла,а која неодамна беше размонтирана без некоја посебна причина. Во ГОБ “8 Септември”  во моментов хоспитализирани се 38 пациенти и таму се очекува поголем број на примени пацинети.

“За жал бројката на пацинети хоспитализирани се зголемува.Доколку имаме четири оддели зафатени, ние ќе ги отвориме и останатите оддели кој што имаме еден дел за негативни пацинети.” – вели Христијан Костов , директор на ГОБ “8-ми Септември”.

И Штипското инфективно е на работ на исполнување на капацитетите.Таму моментално се хоспитализирани 23 пацинети, а преостануваат уште 12 легла. И за таму постои план “Б” доколку состојбата ескалира.

“Ако евентуално капацитетот на Инфективното одделение се пополни, веднаш ќе биде преадаптирано Нервното одделение кое се наоѓа во истата зграда со Инфективното, а Нервното ќе се дислоцира во друг објект. “ – вели  директорот на Клиничката болница во Штип Ален Георгиев.

 Во болницата во Битола се хоспитализирани 11 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 31 пациент – позитивни и сомнителни на ковид-19.

 

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста