Расте бројот на унгарските граѓани кои сакаат да примат вакцина против корона вирусот

1.755.000 Унгарски граѓани се пријавиле за да примат вакцина против корона вирусот преку интернет апликациите и по пошта соопштија владини претставници. Сите што сакат доброволно да се вакцинираат ќе ја имаат таа можност велат од унгарската влада а ќе бидат и навремено информирани за вакцинацијата.
Вакцинацијата во Унгарија започна крајот на минатата година, а приоритет имаат здравствениот персонал и луѓето во домовите за стари лица. Граѓаните над 89-годишна возраст ќе бидат вакцинирани во следната фаза од вакцинацијата.
Според истражувањето на унгарска фондација, повеќето Унгарци сметаат дека вакцината е единствениот начин да се сузбие пандемијата на коронавирус, а се повеќе луѓе ја изразуваат својата подготвеност да се вакцинираат.
Скептиците кон вакцината се 35 проценти, што е помал процент од ноември и декември минатата година.
Викторија Миткова