Расте бројот на смртни случаи во тетовско – се повеќе млади жртви на вирусот

40 годишен маж е последната жртва на ковид 19 во Тетово.Изминатава недела секој ден се бележат смртни случаи во овој регион, што не било случај подолго време.Лекарите алармираат дека вирусот е многу поопасен и смртносен , дури и за помладата популација.Ситуацијата велат, е сериозна.

Овие 3 недели имаме поголем број на помлада или средна популација, од 38-55 години, што не беше ситуација во ноември кога го имавме пикот. Овие две недели имавме и зголемување на бројот на починати. – вели Д-р ГЗИМ НУРЕДИНИ.

Не се намалува ниту бројот на новозаразени.Капацитети се полнат,а модуларната болница сеуште не е отворена.Причина биле инфраструктурни проблеми и грешки, кои фирмата што ја гради има рок да ги реши за 5 дена.

Има забелешки при примопредавањето кон работите на фирмата,даден им е рок да се санира за 5 дена, тие грешки што се направени при изградбата. – изјави Артан Етеми економски директор на Клиничка болница Тетово

Само месецов досега во тетовско починале 26 лица,за разлика од март, кога за цел месец имало 21 смртен случај.Лекарите бараат внимателност и одговорност од граѓаните.Британскиот сој побрзо развива тешка клиничка слика, па се апелира, заразените да не чекаат и да не се лекуваат дома на своја рака. Доаѓањето доцна во болница, може да чини живот.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста