Расте бројот на починати од Корона вирусот-Вонредна состојба прогласија и САД

Бројот на починати од смртоноскниот корона вирус кој брзо се шири- расте. Над 200 лица се починати, а околу 12.000 лица се заразени, поради брзото ширење на вирусот.

Властите во САД држави прогласија вонредна состојба. А поради стравот кој го сее овој вирус соседна Бугарија денеска свика итна седница поради итните мерките кои ќе се превземат во пресрет на доаѓањето на евакуираните бугарски државјани, кои беа блокирани во кинескиот град Вухан, тие веднаш ќе бидат пренесени во Военомедицинската академија, каде ќе останат под медицински надзор.

Во текот на денешниот ден во Бугарија се очекува да пристигнат евакуираните бугарски државјани, кои беа блокирани во кинескиот град Вухан. Тие веднаш ќе бидат пренесени во Военомедицинската академија, каде ќе останат под медицински надзор.

И додека трае борбата со вирусот за кој се уште нема лек потврден е првиот случај на коронавирус во Шпанија.

Вирусот е дијагностициран кај едно од петте лица кои биле во изолација откако било откриено дека некои од нив биле во контакт со германски пациент заболен од коронавирусот, се вели во соопштението.

Коронавирусот ја запре и филмската индустрија со што во се затворија сите кинески компании и работни групи, кои учествуваа во снимање на филмови и телевизиски серии, а воедно Британијареши да ги повлече своите дипломати од Кина.

Новиот коронавирус се појави во декември минатата година прво во кинескиот град Вухан, а потоа со голема брзина се прошири и во другите земји.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста